Ватикан отповика еден од своите дипломати од Вашингтон поради истрага за детска порнографија која се води против него, соопшти Светата столица.
Осомничениот свештеник веќе се вратил од САД и се наоѓа во Ватикан. Неговото име не се открива, се додека не заврши истрагата, бидејќи се работи за доверлив случај.
Ватикан соопшти дека на 21 август бил информиран од Стејт департментот за „можно прекршување на законите кои се однесуваат за детска порнографија“ од страна на еден од неговите дипломати.
Стејт департментот соопшти дека побарал од Светата столица да му се одземе имунитетот на дипломатот.