Ватикан му забрани на словачки поранешен надбискуп да настапува на телевизија

Од:

Поранешниот словачки надбискуп Роберт Безак, кој минатата година под неразјаснети околности беше отповикан од поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, не смее повеќе да настапува на телевизија од каде досега им се обраќаше на верниците.

Неговите телевизиски обраќања беа популарни и според анкетите ги следеа околу 170 илјади луѓе, исто како и неговите редовни проповеди во црквата пред една година, кога беше отповикан, јави дописникот на МИА од Прага.

Забраната за телевизиските обраќања му била соопштена еден ден пред оставката на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт Шеснаесетти.

Според словачките медиуми, забраната Безак ја прифатил смирено барајќи од печатот и телевизијата да ја почитуваат неговата состојба, истовремено заблагодарувајќи им се за досегашната поддршка и помош.

Причините за отповикувањето на Безак досега не се соопштени, иако медиумите шпекулираа дека функцијата загубил, меѓудругото, и поради либералниот пристап кон геј свештениците, како и симпатиите кон цивилното облекување. Тој исто така ги критикуваше контроверзните финансиски трансакции од страна на Архиепископијата пред неговото стапување на функцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска