Ватикан ја ублажи критиката кон полските политичари за мигрантите

Од:

 Ватикан ја ублажи критиката кон политиката и односот на полските политичари кон мигрантите, пред денешната посета на папата Франциско на Краков, пишуваат италијанскте весници.

Според „Стампа“; критиката на еден полски бискуп кон политичарите во Полска, во која ги обвинува за создавањетп „вештачки страв од муслиманите“ била тргната од интернет страницата на Светата столица.

Папата престојува во овој полски град за да учествува на манифестацијата Светски ден на католичката младина, што се одржува само еден ден по бруталното убиство на еден француски свештеник од страна на двајца млади џихадисти.

Католичкиот поглавар веќе го осуди убиството, додека на собирот во Краков е најавено дека тој ќе зборува за верското насилство, за прогонувањето на христијаните, но во исто време ќе ги предупреди Европа и Полјаците да не „паднат во замката на ксенофобијата“.

Италијанскиот весник потсетува дека Полска бепе обвинете за „вештачкиот страв“ што се создава во инаку „етнички хомогената“ земја.

Полскиот бискуп Павел Рутел-Андријаник во својот напис, што подоцна беше отсранет, го критикува отсуството на критична дебата за системот кој ги учи Полјаците за „разновидноста“. иако станува збор за земја во која само 0,4 отсто од населението не е родено во Полска.

Мнозинството од конзервативните полски католички свештеници не секогаш гледаат со одобрување и се согласуваат со идеите на папата за тоа, констатираат весниците во Италија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска