Ватикан: Исус Христос беше првиот кој „твиташе“

Од:

Претседателот на Советот на Ватикан за култура, кардиналот Џанфранко Равази изјави дека „Исус беше првиот кој „твиташе“.

-Христoс пред сите на светот користеше „Твитер“, бидејќи неговите реченици беа кратки, суштински-изјави министерот за култура на папата, на состанокот „Суд на неверниците“.

Кардиналот ги спомена и Исусивите параболи, кои за разлика од телевизијата , упатувале пораки преку приказни и симболи.

-Доколку свештеникот не е заинтересиран за комуникација, тогаш не му припаѓа на ова министерство, додаде Равази.

На состанокот на кој присуствуваа претставници на италијанските медиуми, стана збор и за „непристрасноста и одговорноста“ на новинарите во известувањето.

Состанокот се одржа откако весникот „Република“ објави долго писмо на поглаварот на Римокатоличката црква, папа Франсис, упатено до основачот на тој дневен весник, Еуџениј Скалфариј. Во тоа писмо папата одговора на прашањата на новинарот, атеист.

Форумот „Суд на неверниците“ го доби името според древниот храм во Ерусалим, каде што можеле да влезат и оние кои што не се Евреи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска