Ватикан годишно собира околу 55 милиони долари донации, само 10 отсто искористени за добротворни цели

Од:

Ватикан собира повеќе од 55 милиони долари донации годишно преку својата добротворна фондација, а бидејќи црковниот закон го диктира папата Франциско, тој легално може да ги користи парите за донации според своја дискреција.

Во извештај на „Вол Стрит Журнал“ се наведува дека само 10 отсто од тие донации биле користени за вистински добротворни цели. Според извештајот, две третини од преостанатиот износ отишле во ребалансот на внатрешниот буџет на Ватикан.

Како што пренесуваат светските агенции, оваа вест може да биде алармантна за донаторите кои ги дале своите прилози за да им се помогне на најсиромашните, а не за исплата на административниот дефицит на Ватикан.

Долгот на Светата Столица изнесува 76 милиони американски долари на буџет од 333 милиони долари за минатата година. Иронично е што изборот на папата Франциско во 2013 година зависеше токму од изнаоѓање решение за намалување на финансиските проблеми на Ватикан, пренесуваат агенциите.

Во извештајот се наведува дека растечкиот долг на Ватикан во најголем дел се должи на зголемувањето на платите и намалувањето на инвестициите, како и на други сериозни финансиски неефикасности.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска