Ватикан донирал 100.000 евра на Фондацијата Аушвиц-Биркенау

Од:

Ватикан донирал 100.000 евра за зачувување на нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау, јави ДПА.

Одговорните за објектот се обидуваат да соберат 120 милиони евра, при што досега се обиделе да набават 102 милиони евра, соопшти Фондацијата Аушвиц-Биркенау на својата Интернет страница.

Нејзиниот претседател го коментира предлогот на Ватикан како „многу важен сигнал“.

Државниот секретар на Ватикан кардиналот Пјетро Паролин изјави дека „скромната сума“ е „израз на целосната поддршка за проектот на Фондацијата Аушвиц-Биркенау“.

Околу 1,1, милиони лица, повеќето Евреи, беа убиени во нацистичкиот концентрационен логор во Полска за време на Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова повикува на традиционални посети на Треблинка во чест на македонските Евреи

Осумдесет години од ослободувањето на Аушвиц

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пред 79 години е ослободено најстрашното место во историјата на човештвото, Аушвиц

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан