Ватикан демантираше дека поранешниот папа е тешко болен

Од:

Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди ги демантираше медиумските извештаи дека поранешниот папа Бенедикт Шестнаесетти е тешко болен.

– Тој е слаб во согласност со годините, нема некоја специфична болест, рече Ломбарди, а пишувањата на некои едиуми дека Бенедикт Шестнаесетти е тешко болен и дека е речиси при крајот на животот се глупост, истакна тој.

Папата Бенедикт Шестнаесетти е првиот пата во долгата историја на Римокатоличката црква, кој на 28 февруари поднесе оставка. Тој на 16 април ќе наполни 86 години.

Кога го најави повлекувањето од престолот на Свети Петар, Бенедикт изјави дека е уморен. По напуштањето на понтификатот Бенедикт Шестнаесетти не се појавуваше во јавноста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска