Вашингтон, Сеул и Токио договорија размена на информации за Северна Кореја

Од:

Јужна Кореја, САД и Јапонија постигнаа согласност за потпишување на договор за размена на разузнавачки информации за ракетни и нуклеарни програми на Северна Кореја, јави ТАСС.

Пактот ќе биде потпишан во понеделник од замениците министри за одбрана на трите земји. За договорот не се потребни дополнителни постапки за одобрување, бидејќи тој се склучува меѓу министерства, а не меѓу држави.

Договорот меѓу Вашингтон, Сеул и Токио е поради зголемената загриженост на овие земји од нуклеарните програми на Северна Кореја. Откако Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата за човековите права во Северна Кореја, а Советот за безбедност го стави прашањето на дневен ред, Пјонгјанг најави дека е можно да изврши нов нуклеарен обид.

Од 2006 до 2013 година Северна Кореја изврши три подземни нуклеарни тестирања. Во 2014 година Пјонгјанг истрела вкупно 111 ракети.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација