Вашингтон повика на итен прекин на огнот во Украина

Од:

САД повикаа на итно запирање на огнот во Украина, за да може да се истражат околностите за катастрофата на малезискиот авион во источна Украина, пренесоа француските медиуми.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјави дека сите страни во конфликтот, Русија, сепаратистите и Украина, треба да го запрат огнот за на меѓународните истражни органи да им дозволат безбеден пристап до местото каде вчера се урна малезискиот „Боинг“.

Многу светски лидери побараа меѓународна независна истрага за случајот.

Доњецките проруски сепаратисти ветија дека ќе им обезбедат пристап до местото на несреќата и на претставниците на Киев, и на набљудувачите на ОБСЕ. Ова се наведува во соопштението на тристраната контакт група, во која влегуваат ОБСЕ, Русија и Украина, пренесе ИТАР-ТАСС.

Претставници на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ изразиле подготвеност  да „го изолираат местото на несреќата и да го обезбедат пристапот на локалните власти, за да почне подготовката за извлекување на телата“. Тие и на украинската комисија, која ќе ги истражува околностите на несреќата, и ветиле безбеден пристап до местото. Во оваа комисија ќе влезат и меѓународни експерти.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите