Вашингтон пост: Трамп размислува за суспендирање на забраната на TikTok за 60 до 90 дена

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува да издаде извршна наредба со која ќе се суспендира спроведувањето на законите за продажба или забрана на TikTok на 60 до 90 дена, објави денеска Вашингтон пост, цитирајќи две неименувани лица со знаење за ова прашање.

Трамп ја презема функцијата претседател на САД на 20 јануари.

Добро упатени извори претходно денеска соопштија дека сопственикот на социјалната мрежа TikTok има намера да ја исклучи апликацијата за корисниците во САД од недела, 19 јануари, кога ќе стапи на сила нејзината забрана објави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина