„Вашингтон пост“: НСА собира стотици милиони контакт листи од корисници

Од:

Американската Агенција за национална безбедност (НСА) собира стотици милиони контакт листи од лични пораки и профили на програми за комуникација низ целиот свет, вклучително на Американци, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Весникот се повикува на тајни документи, откриени од поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден, кој е обвинет од САД за издавање доверливи информации и моментално се наоѓа во Русија. Овие информации се потврдени од високи функционери во американското разузнавање.

Според „Вашингтон пост“ НСА секој ден пресретнува стотици илјади листи со контакти од корисници на „Јаху“, „Џимејл“, „Фејсбук“ и „Хотмеил“. Целта на тоа е откривање на врски со терористички или други криминални активности.

Портпаролот на директорот на НСА изрази уверување дека агенцијата собира податоци само за „легитимни цели“ на странски разузнавачки служби и нема интерес за личните информации на обичните Американци. Освен тоа, тие се водат од правилата, кои бараат намалување на минимум собирањето, употребата и ширењето на податоци, кои идентификуваат граѓани на САД и луѓе со потојано живеалиште во земјата.

Собирањето контакт листи од корисници би било незаконско, доколку се врши во САД, но НСА ја избегнува забраната користејќи пристапни точки од други делови на светот. Во еден обичен ден НСА собира над 440.000 контакт листи, што прави бројка од над 250 милиони годишно.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска