„Вашингтон пост“: Кипар е стара вест, нека се подготви Словенија

Од:

Кризата во Кипар, по се изгледа е стара вест, новата земја за која треба да се грижиме е Словенија, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Словенија, мала членка на Европската унија, сместена меѓу Италија, Австрија, Унгарија и Хрватска имаше зад себе прилично лоша недела, со скок на каматните стапки на обврзниците на 5,4 отсто, поради стравувањата дека ќе и биде потребна меѓународна финансиска помош, нагласува весникот.

– Добивките од словенечките државни обврзници се уште се под кризно ниво. Каматните стапки на Кипар се движат околу седум проценти. Меѓутоа стапките во Словенија секако навлегуваа во опасна зона, пишува „Вашингтон пост“.

Словенија стана членка на ЕУ во 2004 година, а домашната валута толарот го замени со еврото во 2007. Оваа земја има мало и отворено стопанство, зависно од извоз, а во поголемиот дел од изминатата деценија забележа раст поголем од просекот на еврозоната, но со високо ниво на јавен долг.

За разлика од повеќето земји, кои се мачеа со кредитите во секторот на недвижнини, Словенија имаше проблем со компаните, кои работењето го финансираа со долгови, наместо со капитал. Големите корпоративни заеми финансираа поголем дел од стопанскиот раст остварен од 2000 година досега.

Податоците на ЕУ покажуваат дека само во 2007 година долгот на приватниот сектор се зголемил за 23,5 отсто, а долгот на нефинансискиот приватен сектор за дури 40 проценти. Добар дел од тие кредити е прогласен за ненаплатлив во текот на кризата во 2008 година.

Во минатонеделниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд се наведува дека поради големиот број ризични заеми банките западнале во проблеми, така што обемот на ненаплатливи кредити во трите најголеми словенечки банки се зголемил за 15,6 отсто во 2011, на 20,5 проценти во 2012 година. Речиси една третина од тие кредити им е одобрена на приватни фирми.

„Вашингтон пост“ потсетува дека Словенија, како и повеќето други европски земји, покренала програма за штедење, вклучувајќи кратење на платите во јавниот сектор, како и социјални бенефиции со цел да се намали буџетскиот дефицит на 3,5 отсто во 2012 година. Таа цел е остварена, но само доколку се одземат трошоците за докапитализација на банките.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно