„Вашингтон Пост“: Фејсбук и американските власти преговараат казна од повеќе милијарди долари за социјалната мрежа

Од:

Американската Федерална трговска комисија (ФТЦ) неодамна започнало преговори со раководството на социјалната мрежа за исплата на повеќе милијардна казна поради нарушена приватност на корисниците, јави „Вашингтон Пост“.

Според изданието кое се повикува на два извора, казната што треба да ја плати Фејсбук најверојатно ќе биде највисоката исплата што ФТЦ ја побарал од една технолошка компанија.

Двете страни во моментов немаат договорено за точната висина на паричната казна. Еден од изворите на весникот изјавил дека Фејсбук начелно изразил загриженост за барањето на ФТЦ.

Се сугерира дека доколку преговорите пропаднат случајот ќе оди на Суд со сериозни правосудни конфронтации за двете страни.

Од Фејсбук потврдиле дека се водат преговори со ФТЦ, додека од комисијата не даваат изјава.

Како шо претходно дозна „Њујорк Тајмс“ социјалната мрежа ги предавала личните податоци на речиси сите свои корисници на големите компании. Пристапат до податоците на корисниците бил различен за разни компании.

На пример, „Сони“, „Мајкрософт“ и „Амазон“ ги добивале податоците на корисниците и сите нивни пријатели, додека од „Јаху“до лани летото имале пристап до податоците на 100 пријатели на секој корисник, иако Фејсбук изјави дека таа функција е исклучена пред неколку години.

Понатаму, „Нетфликс“, „Спотифај“ и Кралската банка на Канада можеле да ги читаат, редактираат и бришат личните пораки на корисниците. Во списокот на компании на кои им биле предавани лични податоци на корисниците на Фејсбук се и рускиот пребарувач „Јандекс“ и кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија