Вашингтон Пост: Американскиот началник на ГШ тајно комуницирал со својот кинески колега од страв дека Трамп ќе предизвика војна

Од:

Највисокиот американски генерал тајно го повикал својот кинески колега двапати во последните месеци од мандатот на Доналд Трамп, поради загриженоста дека американскиот претседател може да предизвика војна со Кина, откако на повидок бил неговиот потенцијален пораз на изборите.

Американскиот генерал Марк Мили, началник на Здружениот ГШ на американската армија, го повикал генералот Ли Зуоченг од Ослободителната народна армија на 30 октомври 2020 година, четири дена пред претседателските избори и повторно на 8 јануари, два дена откако приврзаниците на Трамп почнаа напад врз американскиот Капитол, објави Вашингтон пост.

Во повиците, Мили се обидувал да го убеди Ли дека САД се стабилни и дека нема да нападнат, и доколку има напад, дека ќе го извести својот колега предвреме, се вели во извештајот. Извештајот се базира на книгата „Опасност“, напишана од новинарите Боб Вудворд и Роберт Коста, која се потпира на интервјуа со 200 извори и која ќе биде објавена следната недела. Кабинетот на Мили одби да коментира.

Претставниците на Трамп не можеа да бидат контактирани од весникот. Трамп го назначи Мили на највисоката воена функција во 2018 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја