Вашингтон подготвен за сериозни преговори со Техеран

Од:

САД се подготвени за сериозни преговори со Иран, доколку властите во Техеран ги исполнат своите меѓународни обврски, изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.


– Ако новата Влада во Техеран реши сериозно да ги исполнува своите меѓународни обврски и ако на тој начин се дојде до решение за проблемите, тогаш (Иран) во ликот на САД ќе добие еден искрен пријател, нагласи Карни во изјавата по повод стапувањето на должност на новиот ирански претседател Хасан Рохани.


Карни потенцира дека САД се подготвени да соработуваат со Рохани за решавање на проблемот со иранската нуклеарна програма.


– Стапувањето на должноста на господинот Хасан Рохани претставува можност Иран да преземе активности со кои ќе ја смири сериозната загриженост на меѓународната заедница околу иранската нуклеарна програма, смета Карни.


Во обраќањето на денешната инаугуративна церемонија Рохани, кој важи за претставник на умереното крило во иранскиот естаблишмент, изјави дека единствено решение за излез од кризата меѓу Иран и западните земји е „дијалогот, а не санкциите“.


– Иранскиот народ не може да биде покорен со санкции и закани со војна. Единствено решение е дијалог врз основа на рамноправност и взаемно почитување, изјави Рохани.

Би можело да ве интересира

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп ја избра младата републиканка Елис Стефаник за нова американска амбасадорка во ОН

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Мишел: Европа е подготвена да соработува со САД за поддршка на Украина