Вашингтон: Пакистан да дозволи САД да организираат судење за убиецот на новинарот Даниел Перл

Од:

Белата куќа ја осуди одлуката на Врховниот суд на Пакистан да го ослободи Ахмед Омар Саед Шеик, терористот осуден за обезглавување на американскиот новинар Даниел Перл во 2002 година.

Џен Псаки, портпаролката на Белата куќа, на денешниот брифинг со новинарите, изјави дека САД се „вознемирени“ од ослободувањето на одговорните за киднапирањето и убиството на Перл, настан „што ја шокираше светската јавност во 2002 година“.

Перл беше новинар на весникот Волстрит журнал.

За убиството и киднапирањето на Перл, Саед беше осуден на смрт. Но неговиот случај беше повторно отворен, и поради тврдења за недостаток од докази смртната казна лани беше отфрлена од провинциски суд. Семејството на Перл ја обжали одлуката, која беше отфрлена денеска од Врховниот суд на Пакистан.

Според Псаки, Саед останува в затвор во Пакистан и ја повика Владата на таа земја „по брза постапка да ги разгледа сите правни опции“, како на пример да дозволи САД да организираат судење и прогон на обвинетиот за убиството на Перл.

– Одлуката да се ослободат од вина осомничени за убиство е понижување за жртвите на тероризмот насекаде, вклучувајќи и во Пакистан, изјави Псаки.

Таа додаде дека САД се посветени на обезбедување правда за семејството на Даниал Перл и ставање на сите терористи насекаде пред лицето на правдата.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес