Американската амбасада во Киев ги оцени како „тероризам“ насилството врз приврзаниците на идејата за единство на земјата и грабнувањето на набљудувачите на ОБСЕ во источниот дел на Украина.
Во сооопштение на Амбасадата се „осудуваат киднапирањата извршени од сепаратистите, на украински и странски набљудувачи, од кои некои беа жестоко тепани“.
– Тоа е едноставно тероризам, се потенцира во соопштението.
Дипломатската мисија на САД е „згрозена“ и од вчерашното насилство во Доњецк кога проруските активисти ги нападнаа проукраинските демонстранти, а на крајот беа повредени десетици лица.