Вашингтон ја поздрави одлуката на Анкара да дозволи премин на ирачки Курди преку турска територија

Од:

САД ја поздравија одлуката на Турција да го одобри преминувањето на ирачките Курди преку нејзина територија кон сирискиот град Кобане, кој околу еден месец е опколен од џихадистите на групата Исламска држава.

– Ја поздравуваме изјавата на турското Министерство за надворешни работи, изјави портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф на прес-конференција.

Турција вчера ја промени својата стратегија кон Сирија, објавувајќи дека во иднина ќе им дозволува на единиците на силите на ирачките Курди, Пешмерга, да минуваат преку нејзина територија за да стигнат до Кобане, каде учествуваат во одбраната на градот.

И покрај притисокот од своите сојузници, турската Влада досега одбиваше секаква воена интервенција за помош на курдските борци во Сирија, кои веќе еден месец му се спротивставуваат на напредувањето на групата Исламска држава.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски