Вашингтон го повика кинескиот амбасадор на разговор во Белата куќа

Од:

Белата куќа го повика на разговор кинескиот амбасадор во Вашингтон, Чин Ганг, за да му ја изрази осудата на „ескалацијата на акции” против Тајван и да повтори дека САД не сакаат криза во регионот, пишува денеска „Вашингтон пост“.

„По дејствијата на Кина во текот на ноќта, го повикавме амбасадорот Чин во Белата куќа да му врачиме официјален демарш за кинеските провокативни дејствија”, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби за „Вашингтон пост”.

Кина денеска одлучи да воведе санкции кон претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси и нејзиното семејство, како одговор на, како што рече кинеското Министерство за одбрана, „злобните” и „провокативни” дејствија, поради нејзината посета на Тајван во вторникот, јавија британските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Русите ja враќаат територијата во Курск

Десет лица загинаа во Газа додека чекаа ред за храна

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ