Вашингтон го демантира Чавушоглу: Нема работна група за С-400, санкциите кон Турција остануваат

Од:

Стејт департментот ги демантираше изјавите на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со формирање на американско-турска работна група за набавката на рускиот ракетен систем С-400.

Портпарол на Стејт департментот истакна дека не постои таква работна група, додавајќи дека Вашингтон останува целосно посветен на спроведувањето на санкциите на CAATSA (Countering America’s Adversaries Through Sanctions Act). Како што тој објасни, има само рутински консултации за влијанието што санкциите ќе го имаат врз билатералната воена соработка.

– Не постои работна група за санкциите на CAATSA или за „истражување“ на заканите кои С-400 ги претставува за авионите-ловци Ф-35. Се спроведуваат рутински консултации на работно ниво за влијанието на санкциите врз актуелната воена соработка. Остануваме посветени на целосната примена на санкциите, како што најави министерот Мајк Помпео на 14 декември, изјави портпаролот.

Шефот на турската дипломатија утрово, повикувајќи се на неодамнешните санкции на САД, нагласи дека двете земји се согласиле да формираат заедничка работна група за разгледување на прашањето за С-400. Чавушоглу истакна дека Анкара е подготвена да преземе чекори за подобрување на билатералните односи со САД, изразувајќи надеж дека новата администрација на Џо Бајден ќе се придвижи во иста насока.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД