Варшава, Прага и Софија од полноќ го затворија воздушниот простор за руските авиокомпании

Од:

Полска, Чешка и Бугарија вчера соопштија дека од денеска го затвораат својот воздушен простор за руските авиокомпании како одговор на руската инвазија на Украина.

„Забраната ќе стапи на сила на полноќ“, соопшти портпаролот на полската Влада, Пјотр Милер на Твитер.

„Од полноќ го запираме сообраќајот на сите руски авиокомпании во чешкиот воздушен простор“, објави чешкиот министер за транспорт Мартин Купка на Твитер.

Слична забрана беше донесена и во Бугарија, а исто така стапи на сила на полноќ, како одговор на „ескалацијата на воениот конфликт и во знак на солидарност со Украина“.

Руските авиони „веќе не можат да навлегуваат во суверениот воздушен простор на Бугарија, вклучувајќи ја областа над територијалните води“, се наведува во соопштението на Министерството за транспорт.

Полската национална компанија ЛОТ од попладневните часови ги прекина летовите кон Москва и Санкт Петербург.

Обединетото Кралство уште завчера донесе слична одлука за руската компанија „Аерофлот“. Нејзиниот министер за транспорт, Грант Шапс, исто така синоќа соопшти за забраната со моментален ефект за сите руски приватни авиони.

Русија одговори со забрана на сите авиони поврзани со Обединетото кралство, вклучувајќи ги и оние во транзит.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба