Варшава: Оштетувањето на нафтоводот „Дружба“ не е саботажа, се работи за случајно оштетување

Од:

Нема причина да се верува дека истекувањето во полскиот дел од нафтоводот Дружба било предизвикано од саботажа, изјави денеска висок полски функционер задолжен за енергетската инфраструктура.

– Можеме да зборуваме за случајно оштетување, изјави Матеуш Бергер за светските агенции. Тој нагласи дека нема причина да се верува дека истекувањето е предизвикано од саботажа.

Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа открил истекување на една линија од нафтоводот што пренесува нафта од Русија во Европа.

Перн соопшти дека причината за истекувањето е непозната. Откриен е во дел од цевка на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк.

Портпаролот на противпожарната бригада Карол Киерзковски за државната телевизија ТВП Инфо изјави дека мора да се лоцира каде истекува и да се прекине.

„Кога ќе се намали притисокот (со испумпување), истекувањето ќе престане и ќе ни овозможи да стигнеме до локацијата“, рече тој, додавајќи дека е премногу рано да се кажат причините. Тој нагласи дека нема опасност за локалното население.

Втората линија од гасоводот гасовод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат нормално, додаде операторот.

„Во моментов сите служби на Перн (технички, оперативни, внатрешни противпожарни бригади и заштита на животната средина) преземаат мерки предвидени за ваков тип на состојби“, нагласи компанијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски