Ванг: САД туркаат кон нова студена војна

Од:

САД не треба да ја преминуваат црвената линија во однос на Тајван, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Тој посочи дека САД треба да престанат да сонуваат за тоа дека ќе ја променат Кина и предупреди дека Вашингтон ги турка односите меѓу двете земји кон „нова студена војна“, пренесува Блумберг.

„Некои американски политички сили се обидуваат да ги истуркаат нашите односи до работ на нова студена војна. Тоа е опасно и ќе го загрози глобалниот мир, рече Ванг на прес-конференција на маргините на 13-от Национален народен конгрес. Кина и САД имаат корист од соработка и губат преку конфронтација, и двете земји мора да најдат начин за мирољубива коегзистенција“, рече Ванг.

Ванг оцени дека Пекинг и Вашингтон мора да започнат да ги координираат своите макро политики во корист на своите економии, но и светската економија.

„Најважното нешто што научивме од пандемијата на коронавирус е дека животот и здравјето на луѓето во различни земји никогаш не биле толку тесно поврзани, Никогаш не било толку јасно дека сите народи живеат во исто глобално село и дека човештвото е всушност општество со заедничка иднина.“, рече Ванг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски