Ванг: Царините можат да го турнат светот во рецесија

Од:

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји предупреди пред Генералното собрание на ООН дека царините и трговските спорови можат да го турнат светот во рецесија и порача дека Пекинг е посветен на решавање на овие проблеми на „мирен, рационален и кооперативен начин“.

– Кревањето sидови нема да ги реши глобалните предизвици, а обвинувањето на другите за сопствените проблеми не функционира. Лекциите од Големата депресија не треба да се заборават, рече Ванг.

Тој додаде дека тарифите и провокацијата на трговските спорови, кои го нарушуваат глобалниот индустриски ланец за снабдување, служат за поткопување на мултилатералниот трговски режим и светскиот економски и трговски поредок.

– Тие дури можат да го турнат светот во рецесија, предупреди Ванг.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп воведува реципрочни царини за сите земји во светот

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг