Ван дер Белен: Неопходно е да се сочува споменот на жртвите на холокаустот

Од:

Неопходно е да се зачува споменот на жртвите на холокаустот и да се спречи тоа да се повтори, како и да се спречи насилството никогаш повторно да не се користи како политички инструмент, изјави денеска австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

Ван дер Белен посочи дека желбата и обврската на Австријците е да го зачуваат споменот на жртвите, како и да не заборават дека не само жртвите, туку и криминалците биле дел од австриското општество.

Тој спомен, додаде претседателот, може да биде достоен само ако одлучно се води борбата против антисемитизмот и расизмот.

-Ерата на нацистичкиот режим е едно од најмрачните поглавја во австриската и европската историја. Австрија ќе продолжи да се бори против сите форми на антисемитизам, бидејќи во нашето општество нема место за омраза, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Вицеканцеларот Вернер Коглер,пак, истакна дека злосторствата на нацизмот никогаш не смеат да се повторат и дека е неопходно да се спротивставиме на секоја омраза.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска

Нетанјаху: Холокаустот никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ

А1он

Путин: Русија е категорички против заборавање на нацистичките злосторства

Делегација на ОАЕ за прв пат ќе се приклучи на маршот на Холокаустот во Полска

А1он

Комеморација по повод 77-годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау

А1он