Валс пред француското собрание: Не е исклучена ниту една хипотеза за падот на авионот

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс пред Националното собрание изјави дека „не е исклучена ниту една хипотеза“ за падот на авионот на Џерман вингс во француските Алпи, јавува дописникот на МИА од Париз.

Премиерот на Франција ја даде оваа изјава откако претходно пратениците им оддадоа почит со една минута на молчење на загинатите 150 лица во авионската несреќа.

Попладнево Франсоа Оланд и кралот на Шпанија Фелипе VI лично учествуваа на состанокот на кризната група во Министерството за внатрешни работи во Париз, која ги следи операциите на теренот, но која исто така раководи и со истрагата.

Што се однесува до истрагата, засега нема потврда дека имало повик од екипажот дека авионот има проблеми, но алармот бил вклучен од страна на контролата на летањето поради тоа што авионот летал на височина од 1500 метри.

Ербас веќе испрати свои експерти, кои исто така ќе работат на причините за катастрофата, која е трета по смртност во историјата на цивилната авијација во Франција.

Спасувачките екипи се на теренот, остатоците на авионот се пронајдени во зона од еден хектар, мошне тешка за пристап на околу 2700 метри надморска височина, во височините на планинскиот масив Троа Евеше.

Една од црните кутии на авионот, како што јави француската телевизија И Теле, била пронајдена, а спасувачките екипи се надеваат дека сепак има преживеани.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата