За жал нападот во Тунис покажува со каква закана е соочена Европа, Блискиот исток и светот. Тоа го изјави францускиот премиер Мануел Валс на прес конференција во Европската комисија.
Тој додаде дека во француското МНР во Париз кризниот штаб е во целосна готовност.
Валс вели дека во нападот има загинати и странци меѓу кои и туристи.
– Го осудуваме тој напад и даваме поддршка за туниската Влада, нагласи Валс.
– Ги следиме информациите од Тунис, рече претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер. – Има заложници и затоа засега се воздржуваме да кажеме повеќе, изјави тој.