Валс: На Блискиот исток се спроведува прогон на христијаните

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс оцени дека на Блискиот обид се спроведува обид за „искоренување на христијаните“ и повика да стави крај на тој прогон што го спроведува џихадистичаката Исламска држава, особено во ирак и во Сирија.

„Мораме нештата да ги наречеме со вистинското име, да ја утврдиме вистината, христијаните на Истокот, како и другите малцинства, преку застрашувачкиот тероризам трпат искоренување во тој регион“, изјави францускиот премиер Мануел Валс во Париз во петокот вечерта на настанот посветен на одбележувањето од стогодишнината од геноцидот врз Ерменците во Првата светска војна во тогашното Отоманско царство.

„Нивната судбина првпат е спомената во Советот за безбедност на ОН пред неколку седмици, на поттик на Франција“, рече Валс, додавајќи дека на тоа треба да му се стави крајот.

„Да не се заборави геноцидот, значи да се стори сé за да се избегне, додека има уште време“, додаде и повика да се посвети на судбината на сириските Ерменци. „Ерменците повторно се прогонети, бидејќи се Ерменци. Затворањето на очите претставува соучесништво“, истакна Валс.

Најмалку 300.000 христијани побегнале од Сирија од март 2011 година од почетокот на бунтот на сунитската опозиција којашто ја поддржуваат сунитските арапски земји и Западот против алавитот претседател Башар ал-Асад, кој ја има поддршката и од христијаните и Друзите и умерените сунити, што се претвори во конфесионална војна во којашто најголеми добитници досега се радикалните сунитски групи како џихадистичките Исламска држава и Џебхат (Фронтот) ан-Нусра, поврзан со Ал Каеда.

Во соседен Ирак, пак, каде што заедно со Курдите и етнорелигиската заедница на Јазидите се подложени на бруталноста на Исламската држава, христијаните во моментов ги има уште околу 400.000, наспроти 1,4 милиони од 1987 година. Нивниот број рапидно се намалува од американските војни и особено од инвазијата во 2003 година врз Ирак, затоа што бунтовниците од сунитското малцинство својот гнев за поразите го истураат врз припадниците на тамошните едни од најстарите христијански заедници на светот.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата