САД успеале да го надминат избликот на заболувања од Омикрон при минимален број хоспитализации, а вакцинацијата и засилувачките дози се најдобри инструменти за задржување на болеста, изјави денеска за за Ем-ес-ен-би-си Рошел Валенски, директорка на Центрите за контрола на заболувањата (ЦДЦ).
Просечниот дневен број на нови случаи на Ковид-19 во САД во изминативе седум денови се покачи до 258.312, јави Гласот на Америка. Со тоа се надмина претходниот просечен дневен рекорд во текот на една недела кој што беше во јануари годинава, кога биле забележани 250.141 случаи.
Валенски изјави дека внимателно се следат бројките на нови заболени и потенцијалното влијание на растеж на инфекции врз здравствениот систем на САД.
Работната група за борба со Ковид-19 на Белата куќа денеска има брифинг за новинарите.
Иако некои податоци од другите земји укажуваат дека при заразување со новииот сој болеста се пренесува полесно, засега е рано да се каже како ширењето на Омикрон може да влијае на епидемиолошката ситуација во САД, посебно со оглед на нерамномерното ниво на вакцинација, изјави Валнески.
-Може да имаме уште многу нови случаи, па затоа болниците може да примат многу пациенти со тешка форма на занболувања, истакна таа.
Според неа, властите очекуваат понатамошен раст на бројот на нови случаи со Омикрон, но дека многу од нив се во блага форма.
Највисоки дневни показатели вчера беа регистрирани во државите Њујорк (40.780 случаи) и Калифорнија (повеќе од 30.000 случаи). Во Тексас вчера биле регистрирани над 17.000 случаи а во Охајо над 15.000.
Според податците на ЦДЦ, заклучно 25 декември на Омикрон се паѓаат 58.6 отсто од сите варијанти на коронавирусот што циркулираат во САД.