Вакцината на Фајзер пристигна во Британија

Од:

Првиот контингент на вакцини против коронавирус на американската компанија Фајзер и Бионтек пристигна во Велика Британија.

Вакцините се однесени во централниот магацин на непозната локација, од каде ќе бидат дистрибуирани до болничките центри за вакцинација низ земјата, пренесува Би-Би-Си.

Велика Британија ја одобри вакцината во средата и порача 40 милиони дози, што ќе биде доволно за вакцинирање на 20 милиони луѓе.

Вакцините се произведени во Белгија и пристигнаа во Британија преку Ла Манш.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година