Вакцината на АстраЗенека не предизвикува згрутчување на крвта, вели британскиот регулатор

Од:

Вакцината на АстраЗенека/Оксфорд не е одговорна за згрутчување на крвта, соопшти денеска британскиот регулатор за вакцини.

Фил Брајан, шеф за безбедност на вакцини во Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи, изјави дека организацијата „внимателно ги разгледува“ извештаите за згрутчување на крвта во некои европски земји.

Но, тој додаде дека доказите што се на располагање „не сугерираат дека вакцината“.

– Згрутчување на крвта може да се појави природно и не е невообичаено, рече тој денеска.

– Повеќе од 11 милиони дози вакцината на АтраЗенека досега се дадени низ Велика Британија, а бројот на згрутчување на крвта пријавени по вакцинирањето не е поголем од бројот што би се случил природно кај вакцинираната популација.

– Луѓето и понатаму треба да одат и да ја примат вакцината против Ковид-19 кога ќе се побара тоа од нив, додаде тој.

Неговиот одговор доаѓа откако Германија, Италија и Франција станаа последните земји што привремено ја прекинаа употребата на вакцината.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година