Вајнрајт: Околу 800 терористи од Западен Балкан се бореле за ИД

Од:

Директорот на Европол, Роб Вајнрајт денеска изјави дека околу 800 лица од Западен Балкан се бореле на страната на Исламска држава во Сирија и во Ирак.

– Во Европска унија има 30.000 потенцијални терористи, истакна на отворањето на состанокот на Европол, што се одржува во рамките на бугарското претседавање со Советот на Европска унија во Софија.

Тој предупреду дека на Бугарија и на другите европски држави се под закана на тероризам.

– Главната опасност за Европа е експанзијата на терористички активности, како и кибер заканата и криминалните групи кои постојат во некои држави. Се надевам дека заканите ќе се намалат, но во многу земји радикализираните групи се прилично активни и ние ги зајакнавме капацитетите и им отежнавме да терористите да ги извршуваат своите активности, посочи Вајнрајт.

Европол минатата година спроведе околу 1.600 акции.

Би можело да ве интересира

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

Европол: Откриена е илегалната банкарска мрежа предводена од двајца Украинци

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски