„Вагнер“ регрутира нови борци низ цела Русија

Од:

Основачот на руската паравоена група „Вагнер“ денеска изјави дека отвора 58 канцеларии за регрутирање во 42 руски града додека се обидува да ги прегрупира своите сили, кои претрпуваат големи загуби во источна Украина. Платеничката група Вагнер е на првата линија на фронтот во битката за украинскиот град Бахмут, а нејзиниот командант Евгениј Пригожин призна дека таму загинале голем број негови луѓе.

Во време на напнатост со министерот за одбрана, Пригожин постојано се жалеше дека повеќе не може да регрутира во руските затвори, каде Вагнер масовно регрутираше затвореници во замена за намалена казна. Откако ја промени својата тактика, неодамна почна да отвора пунктови за регрутирање во спортски сали за да привлече потенцијални борци.

„Отворени се канцеларии за регрутирање на Вагнер во 42 града на Руската Федерација. Таму пристигнуваат нови борци, тие ќе ни се придружат во одбраната на нивната земја и семејство“, вели Пригожин во изјавата објавена од неговата прес-служба. Сепак, тој не кажа колку борци планира да регрутира преку овие канцеларии или колку ќе трае регрутирањето.

Оваа информација доаѓа во време кога Вагнер претрпе големи загуби во битките кои траат веќе неколку месеци за Бахмут, град во украинскиот Донбас, кој стана епицентар на конфликтот со украинската армија. И покрај несогласувањата меѓу Вагнер и руската војска, таа деновиве напредуваше во околината на Бахмут и постои опасност да го опколи градот, кој Украинците се уште жестоко го бранат.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски