Шефот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека според прелиминарните податоци, неговите војници почнале да ја добиваат муницијата што им била потребна.
Пригожин зборуваше за ова додека известуваше за тешките борби во градот Бахмут во источна Украина, пренесе Ројтерс.