Падна воен хеликоптер во Венецуела, загинаа сите седум офицери

Од:

Сите седум члена на екипажот загинаа при пад на воен хеликоптер во близина на Каракас, соопшти Министерството за одбрана на Венецуела.

– Хеликоптерот летал од Каракас во сојузната држава Кохедес, каде што се наоѓаше претседателот Николас Мадуро, се наведува во соопштението.

Властите ја испитуваат причината за несреќата.

Хеликоптерот удрил во планина кај Каракас.

Во авионот имало двајца потполковници и петмина офицери.

Мадуро, на својот профил на Твитер, напиша дека „длабоко жали поради несреќата“ и испрати сочувство до семејствата на загинатите.

Тој престојуваше во Кохедес за да присуствува на серијата воени вежби, кои, како што рече во телевизиското обраќање, ја покажуваат подготвеноста на армијата на земјата да одговори на „заканата што доаѓа од САД“.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски