Вацлав Клаус сепак размислува за враќање во политиката

Од:

Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, си остава простор за размислување за евентуално враќање во политиката, токму кога Чешка ја очекуваат вонредни парламентани избори наесен, јави дописникот на МИА од Прага.


– Да, сериозно размислувам да се вклучам во изборниот „колеж“, во оваа хаотична ситуација на нашата земја, која е на крстопат и за која не се знае каде ќе оди. Размислувам за тоа, но одлуката е уште далеку и никакви конкретни работи денеска нема да чуете од мене, изјави Клаус за весникот „Право“.


Вклучувањето на Клаус во политиката, повторно стана актуелно вчера откако пратеникот на владејачката партија, ОДС (Граѓанска демократска партија), Борис Штастни соопшти дека ја напушта партијата најавивајќи дека очекува да се вклучи во нова партија која ќе ја формира експретседателот Клаус.


 – Подготвен сум да направам се за да се појави нов субјект, кој ќе го води Вацлав Клаус и кој ќе ги здружува луѓето со исти животни и политички ставови. Тој би претставувал борба за граѓанска слобода и економски просперитет, заснован на мала, евтина држава и исто така борба за народен суверенитет, за да не може Чешка да се загуби во европскиот простор, рече Штастни.


Според Штастни, главната цел на Клаус е да се разбудат симпатизерите на десницата и стравот од победа на левицата и пред се од моќта која можат да ја добијат комунистите.


Само неколку дена претходно, долгогодишниот советник на Клаус, Ладислав Јакл ги негираше информациите за повторно вклучување на поранешниот претседател во политичкиот живот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски