Вацлав Клаус размислува да се кандидира во Европскиот парламент

Од:

Поранешниот чешки претседател и критичар на Европската унија сериозно размислува да се кандидира на изборите за пратеници во Европскиот парламент (ЕП) идната година во мај, објави чешкиот весник „Право“.

Во јавноста и претходно се појавија информации дека некои негови колеги од најголемата чешка конзервативна партија, Граѓанската демократска партија ОДС во него гледаат иден европратеник.

Се појавија шпекулации и дека Клаус би можел да стане претседател на групата на европски конзервативците и реформисти (ЕЦР), европска партија ориентирана кон конзерватизмот и умерениот евроскептицизам. Во неа покрај британските конзервативци членуваат и претставници на полската партија Право и правда (ПС).

Доколку тоа се случи, Клаус би можел да добие и место, заменик претседател во Европарламентот. Во секој случај, поранешниот претседател на Чешка, во два петгодишни мандати, активно работи во неговиот новоформиран Институт (ИВК), кој речиси секојдневно се јавува со политички коментари.

– Мислам дека е прав момент да му оддадеме признание. Повторно се покажа дека е добар прогнозер, дека е во право кога е евроскептик и кога беше претпазлив во однос на воведувањето на европската валута во Чешка, вели Далибор Млејнски, градоначалник на една општина во Прага.

Експертите се со поделено мислење во врска со можноста Клаус да биде европратеник. Едни сметаат дека може да успее, со оглед на тоа што малку има евроскептици како него, а други, дека неговиот став веќе не е привлечен за европските граѓани.

Плановите на Клаус сепак може да ги помати опаѓањето на неговата популарност меѓу Чесите, по неговото прогласување на општата амнестија на почетокот на годинава која опфати над 20.000 луѓе и тоа пред се лица соочени со обвинувања за финансиски малверзации.

Би можело да ве интересира

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот