Вацлав Клаус: Нобеловата награда за мир на ЕУ е шега

Од:

Претседателот на Чешка, Вацлав Клаус изјави дека веста за доделувањето на Нобеловата награда за мир на Европската унија е виц во кој не верува.

„Претседателот Клаус не верува во тоа и мисли дека тоа е виц“ изјави портпаролот на Клаус, Радим Охват за веста којашто норвешката телевизија ја објави еден час пред официјално да ја соопштат.

Изборот за овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за мир го изненади и лауреатот на таа награда од 1983 година, поранешниот претседател на Полска, Лех Валенса кој ја доби како симбол на отпорот на Полјаците против комунистичкиот режим.

„Се навикнав на поединечни награди. Тврдењата дека наградата се политизира се претерани. Европската унија е повеќе од држава, тоа е повеќе отколку политика. Иако ја критикуваат, непрестано се шири“ рече Валенса.

Полскиот нобеловец е уверен дека се јавува нов тренд, наградите за мир да се доделуваат на институции, иако тој лично оваа година се надевал дека наградата за мир ќе ја добијат белоруските или кинеските дисиденти.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница