Вацлав Клаус нема намера да се врати во политиката

Од:

Ладислав Јакл, долгогодишниот соработник на поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, денеска негираше дека тој има намера да се врати во политиката, јави дописникот на МИА од Прага.

Ова доаѓа по шпекулациите за повторно политичко ангажирање на познатиот евроскептик, како и по јавните повици на негови поранешни сопартијци дека би било убаво тој повторно да биде член на Граѓанската демокраска партија, (ОДС) од десниот блок.

Последната анкета, нарачана од Чешката државна телевизија (ЧТ) покажува дека мнозинството Чеси, односно околу три четвртини не сакаат Клаус во иднина да биде дел од политичките збиднувања.

Дел од медиумите, денеска најавија дека поранешниот претседател во случај утре да биде успешно самораспуштањето на чешките пратеници, можеби ќе се ангажира во некоја друга политичка опција.

Клаус, ја напушти претседателската функција во март годинава, а сега е вклучен во работата на Институтот, кој го носи неговото име, а кој е замислен како либерално-конзервативен тинк-тенк со истражувачка дејност, организирање семинари, конференции и други акции и програми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски