Советот за човекови права на Обединети нации в четврток ќе одржи вонреден состанок на барање на Киев и со поддршка на десетина земји за „влошувањето на состојбата со човековите права во Украина“, која е под руска инвазија.
Тоа е прв состанок на оваа тема откако Генералното собрание на ОН ја суспендираше Русија на почетокот на април од највисокото тело за човекови права.
Русија, која предвиде дека ќе биде суспендирана и претходно се откажа од статусот членка на Советот за човекови права, може, доколку сака да учествува на состанокот в четврток како земја набљудувач, со право на одговор.
– Сегашната ситуација бара итно внимание на Советот во однос на наводите за воени злосторства и кршење на човековите права во Буча и другите области на Украина, како и наводите за масовни жртви во Мариупол, истакна украинската амбасадорка во ОН, Јевгенија Филипенко во писмо испратено до претседателот на Советот на ОН за човекови права.
Писмото е со денешен датум и е потпишано од 55 други земји.
Извор: МИА