Узбекистан дава 3.000 долари обештетување доколку се заразите со коронавирус, во Мексико се нудат ноќевања „2+2“

Од:

Туристичките дестинации ширум светот се обидуваат да ја повратат и онака кревката економска гранка, која е во слободен пад по појавата на пандемијата со коронавирусот, па им нудат посебни аранжмани на туристите за да го привлечат нивното внимание.

Тие се определуваат за најразлични стратегии: на пример, Узбекистан им плаќа на туристите обештетување од 3.000 долари доколку за време на престојот во таа земја туристите се заразат со коронавирус, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Канкун, град во југоисточниот дел на Мексико, започна кампања што нуди две бесплатни ноќевања за секои две претходни ноќевања што веќе сте ги платиле. Покрај тоа, тие ги надоместуваат и трошоците за еден авионски билет со цел да ги охрабрат посетителите да доаѓаат во поголем број.

Хотелот Кејп Фан во Тајланд, првото приватно луксузно одморалиште на островот Кох Самуи, неодамна започна промоција „Купи 1, добиј 1 бесплатно“ за своите луксузни вили со базен.

Во соседна Бугарија, лежалките, чадорите и масите на популарните летни дестинации се бесплатни за туристи.

Кипар ги отвори своите граници кон одредени земји и вети дека ќе ги покрие трошоците за сместување, храна, пијалоци и лекови за посетителите кои за време на престојот ќе се заразат со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба