Во Истанбул денеска е договорен предлог за единствен муслимански верски календар, кој ќе биде претставен на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) со цел негова целосна примена во земјите членки.
Единствениот исламски календар предвидува сите ибадети (верски обреди) во целиот исламски свет да се спојат во еден календар.
Како што беше соопштено на Конгресот, кој го организираше Турција, во утврдениот верски календар не постојат противречности меѓу верските обреди и астрономските мерења, а ориентиран е според исламската година (Хиџри).
Меѓу предностите на овој календар е и придонесот во поглед на решавањето на одредени проблеми со кои до сега се соочува муслиманите и муслиманските малцинства.
Исто така, деновите за постење и деновите за Бајрам, кои за муслиманите имаат големо значење, со овој календар се усогласени.