Усвоен предлогот на новиот Устав на Тајланд

Од:

Националното законодавно собрание на Тајланд, формирано по воениот удар во државата, вчера го усвои прдлогот на новиот Устав, чиј текст денеска му беше врачен на предодниот премиер Прајут Кан-ока.

Генералот Прајут, кој го предводеше воениот удар од мај минатата година, има рок од 15 дена да го предаде Предлог-уставот до кралот на Тајланд, а по неговото прифаќање ќе се распише референдум.

Од позначајните измени што ќе имаат влијание на политичката состојба во Тајланд е одлуката Сенатот во државата да биде составен од избрани и делегирани сенатори. Со вакво решение, сметаат аналитичарите, воената хунта и кралското семејство сакаат да остварат и да задржат решавачко влијание во политичките одлуки во државата.

Се очекува на референдумот да има и прашање за тоа – дали Тајланѓаните се согласуваат сегашното воено раководство да остане на чело на државата се до конечното формирање на легално избраните или делегираните органи на управувањето со државата.

Повторувајќи дека реално време за оддржување на општи избори во Тајланд е крајот на летото идната година, генералот Прајут изјави дека нема намера по изборите да биде активен во политиката.

Меѓутоа, со доза на лутина кон новинарите, на прес-конференцијата по усвојувањето на предлогот на новиот Устав, генералот, кој сеа е преоден премиер, рече дека Тајланд не е 100 отсто извлечен од политичката криза, а тој ќе ја заврши работатата за враќање на мирот и поредокот во државата.

– Не заборавајте дека вие не ме избравте. Сам дојдов до оваа позиција, а дојдов за да ги решам проблемите, изјави генералот Прајут, додавајќи дека знае оти луѓето се уште не се комплетно задоволни од состојбите, но, како што рече, изгледа дека Тајланѓаните тешко се задоволуваат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач