Уставниот совет на Франција ја отфрли жалбата на поранешниот претседател Никола Саркози со која сакаше да бидат валидирани сметките од предизборната кампања во 2012 година, јавува дописникот на МИА од Париз.
Уставниот совет (во кој членува автоматски и Никола Саркози како поранешен претседател) со оваа одлука ја потврди одлуката на Националната комисија за предизборните кампањи и политичкото финансирање.
Оваа комисија одби да ги прифати сметките на Никола Саркози во декември минатата година, по што тој поднесе жалба до Уставниот совет, со оваа одлука сега опозициската УМП ќе изгуби 11 милиони евра.
Имено француската држава на двата финалисти во вториот круг на претседателските избори им покрива половина од дозволената сума за предизборна кампања која изнесува околу 22,5 милиони евра.
Комисијата која ги проверуваше сметките на Никола Саркози музабележа дека тој не ги зел во предвид трошоците направени за време на кампањата, а кои биле платени или од Државата или од тохаш владеачката партија УМП.
Спорни беа повеќе патувања на тогашниот претседател, кој официјално не с еимаше декларирано како кандидатот, тоа ќе го направи само на 15 февруари 2012, патувања на кои веќе ја претставуваше својта предизборна програма. Комисјата посебно го покажа со прст митингот организиран од УМП на 11 март 2012, и платен половината од УМП. Трошоците од митингот комисијата ги додаде на сметките на кампањата на Саркози и тој ја надмина дозволената сума од 22,5 милиони евра.
Уставниот совет можеше да го извлече Саркози под услов ако се покажеше дека на неговата екипа не и биле познати одредбите кои се спроведувале и грешката била ненамерна и без последици.
Очигледно аргументите на адвокатите не ги убедија членовите на Уставниот совет, со кој претседава Жан-Луи Дебре, близок соработник и пријател на Жак Ширак. Одлуката на Уставниот совет е тежок удар за УМП, која се соочува со финансиски тешкотии, по поразот на сенаторските во 2011 и парламентарните избори во 2012 година, што доведе до намалување на државните субвенции за 10 милиони евра.
Никола Саркози е трет кандидат во историјата чии сметки за претседателките избори се отфрлаат, прв пат се случи во 1995 за Жак Шеминад кој е релативно непознат и на Бруно Мегре во 2002 година.
Никола Саркози кој има право да заседава во Уставниот совет, не присуствуваше на донесувањето на одлуката, исто како и другиот поранешне претседател Валери Жискар д’Естен.