Операцијата извршена синоќа во Куба врз венецуелскиот претседател Уго Чавес е завршена. Чавес е преместен на интензивна нега, објави венецуелскиот потпретседател Николас Мадуро.
Операцијата била сложена и траела повеќе од шест часа, но минала успешно, изјави Мадуро.
Пред заминувањето за Куба, со цел да се оперира од рак, Чавес го прогласи Мадуро за свој заменик како шеф на државата. Според аналитичарите, венецуелскиот лидер го смета 50-годишниот вицепремиер и министер за надворешни работи за најсигурен човек во своето опкружување.
Ова е четврта операција на Чавес, поврзана со рак, извршена од јуни минатата година.