Условно ослободена филипинската новинарка Марија Реса

Од:

Филипинската новинарка Марија Реса денеска е условно ослободена, еден ден откако беше привредена од редакцијата на порталот „Реплер“ под обвинение за клевета.

Нејзиното приведување новинарите од порталот го емитуваа во живо на Фејсбук.

Реса (55), чиј портал е во постојан судир со филипинскиот претседател Родриго Дутерте, ноќта ја помина во затвор.

Таа е обвинета за клевета, за што е предвидена затворска казна од 12 години.

– Зборуваме за две работи – злоупотреба на власта и искривување на правдата. Присуствуваме на бавно умирање на демократијата, изјави Реса откако плати кауција од 100.000 пезоси (1.700 евра).

Реса шестипат плаќа кауција за да избегне затвор. Таа е прогласена и за личност на 2018 година на „Тајм“, а нејзиното приведување го осудија и филипинските и меѓународните организации на новинари.

Новите обвинувања против Реса произлегуваат од напис објавен во 2012 година за наводна поврзаност на еден бизнисмен и тогашниот претседател на Врховниот суд на Филипини. Тужбата што ја поднесе бизнисменот во 2017 година беше отфрлена, но предметот подоцна е префрлен во Обвинителството.

Тужбата е заснована на спорниот закон за кибер криминал, со кој се осудува онлајн клевета, но и вознемирување и детска порнографија.

Реса за обвинувањето за „кибер клевета“ истакна дека тоа е обид на Владата на Дутерте да го замолчи нејзиниот портал.

Вчерашното приведување уследи откако Реса пред два месеца избегна притвор со кауција поради затајување на данок. Тогаш таа таквото обвинение го нарече „вештачко“.

За Дутерте порталот „Реплер“ продуцира „лажни вести“, а обвинувањата против Реса не се политички мотивирани. На новинарите на „Реплер“ им е забранет пристап на настани организирани од филипинската Влада, бидејќи од минатата година ја повлече лиценцата за работа на порталот.

Порталот „Реплер“ е формиран во 2012 година од Реса и уште тројца новинари. Оттогаш е познат како портал што се занимава со сериозни истражувања. „Реплер“ е еден од ретките медиуми во Филипини што ја критикува Владата на Дутерте.

„Раплер“ има објавено голем број написи во кои се критикува војната против дрогата на Дутерте, во која во последните три година загинаа илјадници луѓе. Во декември минатата година беше објавен текст за јавното признание на Дутерте за сексуално злоставување.

Реса поголемиот дел од кариерата ја помина како новинарка на Си-Ен-Ен. Таа прво беше уредничка на Си-Ен-Ен сервисот во Манила, а потоа беше уредничка на индонезискиот сервис во Џакарта. Таа е една од водечките истражувачки новинарки во Југоисточна Азија. Реса е добитничка на голем број меѓународни награди.

На Филипини од 1986 година до денес убиени се 176 новинари, поради што е една од најопасните земји за медиумските работници. Претседателот Дутерте во 2016 година изјави дека „некои новинари заслужуваат да умрат“.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски