Уште еден американски носач на авиони пристигнува во Израел

Од:

Вториот американски носач на авиони УСС „Двајт Ајзенхауер“ влезе во Средоземното Море упатувајќи се кон Израел, јавува Си-Ен-Ен.

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Двајт Ајзенхауер“ и крстосувачот со наведувани ракети, како и два разурнувачи со наведувани ракети, кои тргнаа од американската сојузна држава Вирџинија на 13 октомври, поминаа низ Гибралтарскиот теснец и влегоа во Средоземното Море.

Ова е вториот американски носач во Средоземното Море, бидејќи USS Gerald R. Ford моментално се наоѓа во источниот Медитеран во близина на брегот на Израел.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Израелските воени пилоти и рекоа на владата дека сакаат мир поради заложниците

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски