Уште двајца венецуелски судии побараа заштита во Амбасадата на Чиле во Каракас

Од:

Двајца судии именувани од Парламентот на Венецуела во Врховниот суд побараа заштита во Амбасадата на Чиле во Каракас, изјави шефот на чилеанската дипломатија Ералдо Муњос.

– Беатрис Руис Марин и Хосе Нуњес Сифонтес се гости на Амбасадата и ако сакаат ќе добијат азил, напиша Муњос на Твитер.

Уште еден венецуелски судија во саботата побара азил во Амбасадата на Чиле.

Тројцата судии се дел од групата 33 врховни судии, кои положија заклетва на 21 јули пред Парламентот, во кој опозицијата е мнозинство.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата