Уште четири држави ќе влезат во канадскиот баталјон на НАТО во Летонија

Од:

Војници од Албанија, Италија, Полска и Словенија ќе влезат во составот на канадскиот баталјон на НАТО, кој ќе биде лоциран во Летонија на почетокот на 2017 година, пренесе ТАСС, повикувајќи се на министерот за национална одбрана Харџит Саџан.

Според него, Канада, на која НАТО и довери да предводи еден од четирите баталјони во Источна Европа, е подготвена да работи „со нашите партнери од Летонија, Албанија, Италија, Полска и Словенија за зголемување на нашата колективна безбедност”.

Во НАТО баталјонот во Летонија ќе има 1000 војници, од кои од Канада ќе бидат 450. Според податоците на канадски медиуми, Италија може да испрати 140 војници. Засега нема информации за другите земји.

Во почетокот на 2017 година НАТО  во Источна Европа ќе распореди четири баталјони. Според информациите добиени од генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, Канада ќе го предводи овој баталјон во Летонија, Германија – во Литванија, Велика Британија – во Естонија, а САД – во Полска.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје