Уште 188 руски војници испратени во Ерменија

Од:

Русија распореди уште 188 војници во Ерменија со цел да ги засили своите погранични стражи во оваа земја.

Распордувањето е направено на барање на официјален Ереван, а со цел да се зачува мирот во регионот Нагорно Карабах, му реферираше денеска шефот на Федералната служба за безбедност Александар Бортников на рускиот претседател Владимир Путин преку видео конференциска врска, пренесоа британските медиуми.

Руските граничари се во Ерменија од распадот на Советскиот Сојуз, согласно договорот меѓу двете земји од 1992 година.

Русија во последните две недели во регионот на Нагорно-Карабах распореди речиси 2.000 мировници, откако на 10 ноември беше постигнат мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан, за кој гарант беше токму Русија, а со кој завршија шестнеделните борби меѓу азербејџанските и ерменските сили.

Би можело да ве интересира

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни